Милан Поповиќ: Александар ќе продолжи да се гледа со мајка му

Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ тврди дека на ниту еден начин не влијаел на одлуката на судот во Загреб, кој му го додели старателството над синот Александар. Тој вели дека Александар ќе продолжи да се гледа со неговата мајка, хрватската пејачка Северина и дека најважно му е добробитта на детето.

„Овој случај не е преседан во Хрватска. Судовите во оваа земја, во последните неколку години, често носат вакви слични пресуди. Тука не се работи за успешност на татковците, туку за тоа што е најдобро за детето во секоја ситуација. Ако експертите проценат дека за детето е подобро да живее со татко му, тогаш тие даваат такво мислење и судот воглавно ги уважува ваквите одлуки. Во секој случај Александар ќе продолжи да оди во школо и да живее во Загреб, за да може редовно да ја гледа својата мајка. Преселувањето во друг град или држава би го отежнало тоа, а тоа секако не е добро за него“, вели Милан.

 

 

Текстот Милан Поповиќ: Александар ќе продолжи да се гледа со мајка му е превземен од Reporter.mk.