Нина Бадриќ со новата балада „Војувам со тага“ го најави настапот на МАC церемонијата во белградската Штарк Арена. Организаторите најавија спектакуларен концерт на 27 јануари, а покрај Бадриќ, на сцената ќе се појават голем број на регионални музички ѕвезди.
Песната „Војувам со тага“ е дело на Анте Пецотиќ, со кого Бадриќ пред две години ја направи „Ми рече“, која беше прогласена за песна на годината.
„Се заљубив во оваа песна на прво слушање. Оваа песна има силна животна емоција, а јас сакам такви песни. Верувам дека многумина ќе се препознаат во неа“, вели Нина и додава дека публиката и нејзините пријатели имаат доволно време за да го научат текстот до настапот на МАC.
„Возбудена сум како заради мојата нова прекрасна балада, така и заради номинациите за поп-изведувач и едвај го чекам настапот на MAC! На секој музичар му е чест и задоволство да настапи на толку значајна регионална музичка манифестација. Би сакала да ги откријам сите детали, но сепак нека остане изненадување“, вели Нина, која во видео порака испрати новогодишна честитка.
Бадриќ за 7 март следната година најави и голем концерт во Арената Загреб.
Текстот (Видео) Нина Бадриќ со новата балада го најави настапот на МАC е превземен од Reporter.mk.