За Нова година им ги платил сметките за струја на 36 семејства

Сопственик на голема компанија која се занимава со правење на базени, на Флорида, им платил сметки за струја на 36 семејства, на кои им стигнале опомена поради стари долгови. Тие добиле предупредување дека струјата би можела да им биде исклучена за врема на новогодишните и божиќните празници.

Откако ги примил сметките за комунални услуги, Мајкл Есмонд добил идеја да им помогне на загрозените семејства. Тој контактирал со градското официјално лице Галф Бриз и прашал дали може да им помогне на луѓето кои немале доволно пари да си ги платат сметките.

Есмонд им објаснил на новинарите дека тој во 1980 година доживеал градот да му ја исклучи струјата затоа што не ги платил сметките.

„Имав и јас проблеми со плаќањето на сметки. Ми го исклучија плинот и немавме доволно за да се стоплиме преку зимата“, објаснил Есмонд.

Надзорникот за наплата на комуналните услуги им раскажала на новинарите дека се расплакала кога Есмонд побарал да им ги плати сметките на загрозените семејства.

Есмонд дал 4600 долари за да им помогне на 36 семејства во град од 6000 жители, пишува „Би-Би-Си“. Подоцна сите семејства на кои им ги подмирил сметките, му испратиле празнична честитка.

„Никогаш не очекував дека луѓето толку многу ќе го ценат овој гест. Само сакав да направам нешто добро во оваа доба од годината, за време на Божиќ. Сакав да направам нешто за семејството, на кое му требаше помош“, изјавил Есмонд.

 

 

Текстот За Нова година им ги платил сметките за струја на 36 семејства е превземен од Reporter.mk.