ОВЕН
Во наредниот период ве очекуваат многу важни одлуки, кои би можеле да бидат од исклучително значење за вашата кариера. Со вашиот партнер ве очекуваат убави моменти. Ако сте имале досега некакви проблеми, покажете дека сте подготвени на компромис. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
БИК
Задоволни сте од моменталната состојба на работата. Не сакате да менувате премногу кога е во прашање односот со вашите колеги и шеф. Ви одговара тоа што не сте сам. Не сте подготвен за нова љубовна врска. Сакате времето целосно да си го посветите на себе си. Внимавајте на здравјето.
БЛИЗНАЦИ
На работа ве очекува период на многу промени. Важно е целосно да се посветите на вашите обврски и да избегнувате расправии со колегите и претпоставените. Денес ве очекува поволен ден на љубовно поле. Вашиот партнер ќе ви биде целосно посветен. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со многу позитивна енергија.
РАК
Денес ќе почнете да размислувате за промена на работата. Одлуката која ќе ја донесете ќе биде крајно значајна за вашата идна кариера. Пред вас е период во кој ќе имате можност да влезете во врска со личност кон која веќе некое време имате силни чувства. Внимавајте на здравјето. Немојте да претерувате со слатките.
ЛАВ
Пред вас е фаза во која може да имате некоја нестабилност и проблеми на работа. Морате да бидете многу внимателни во наредниот период. Врската меѓу вас и вашиот партнер зане да биде променлива. Не сте сигурни во кој правец ќе се одвива целата работа. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со дигестивниот систем.
ДЕВИЦА
Денес е поволен ден малку да се изолирате од деловното опкружување и да одморите од обврските. Посветете се да го подобрите односот со саканата личност, ако сакате да останете заедно на подолги патеки. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.
ВАГА
Ве очекува период кој може да биде прилично неповолен за ова поле. Имате доста стресови пред вас. Сомнежите кои ги имате во врска со саканата личност можат да се испостават како вистинити. Не ви е лесно да се изборите со проблемите. Внимавајте на здравјето и избегнувајте да конзумирате алкохол.
СКОРПИЈА
Атмосферата на работа би можела да ви биде стресна. Не се согласувате најдобро со вашите соработници. Меѓу вас и партнерот доаѓа можност за решавање на проблемите. Вашиот брак би можел да тргне во подобар правец. Внимавајте на здравјето и грижете се за својата кожа.
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе ги реализирате плановите кои сте ги имале на деловно поле. Ве очекува поволен период за работа. Не се чувствувате опуштено со вашиот парнтер и тоа е нешто што ве оптеретува. Внимавајте на здравјето и зголемете ја конзумацијата на витамини.
ЈАРЕЦ
Денес ве очекува период на големи промени на полето на работа. Со партнерот ве очекува интересен период во кој ќе се запознаете подобро и ќе откриете нови работи еден за друг. Со здравјето сè е во ред. Не би требало да имате никакви проблеми на ова поле.
ВОДОЛИЈА
Иако вашите очекувања на полето на работа во моментов се големи, ќе успеете да ги исполните сите од нив. На крајот од денот ќе излезете како задоволни. Пред вас е период кој ќе ви донесе ново познанство кое може да биде прилично значајно. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на својот стомак.
РИБИ
Можете да се надевате на успех кога е во прашање работата. Ве очекува поволен ден на ова поле. Со вашиот партнер убаво се согласувате и задоволни сте од вашата врска. Убаво се чувствувате кога сте сакани. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги цигарите.
Текстот Дневен хороскоп за 22 декември е превземен од Reporter.mk.