Традиционалната Дедомразовска трка ќе се одржи денеска во Скопје. Најавено е учество на повеќе стотици учесници во трката. Покрај натпреварувачки овој настан ќе има и забавен карактер.
Во неа ќе учествуваат лица од старосни групи. Должината на патеката е два километри. Стартот и финишот на трката се на Плоштадот Македонија, а ќе се трча кон Порта Македонија, Парк Жена Борец, Холидеј Ин, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.
Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 200 пријавени следува костим од Дедо мраз, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада. За победниците се предвидени многубројни награди.
На најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.
Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката. Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Coca-Cola и градот Скопје.
Текстот Дедомразовска трка во Скопје е превземен од Reporter.mk.