Сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип, до Божиќ ќе остане во приватната болница „кралот Едвард VII“, во Лондон. Извор близок до семејството изјавил дека принцот инсистира никој да не го посетува, без разлика на неговата здравствена состојба.
„Не сака да го посети никој во болницата. Не сака да им пречки во празничните планови и сигурно не сака семејството да го мине Божиќ гледајќи го во болнички кревет“, изјавил изворот.
Пријател на принцот Филип, објаснува дека сопругот на кралицата постојано се жали затоа што е стар. Тој постојано говорел дека е спречен да го работи тоа што го сака поради годините. Мрази тоа што староста му го нарушува активниот живот кој секогаш го имал.
Изворот вели дека принцот Џорџ, заедно со кралицата Елизабета подготвуваат пудинг во кујната за да го расположат, додека тој се опоравува во болницата, пишува британски „Сан“.
Традиција е во кралското семејство, членовите од кралското семејство за Божиќ да прават пудинг. Ваквата традиција им носи среќа, вели изворот.
Друштво им правеа принцот Џарлс и принцот Вилијам, а кралицата Елизабета цело време уживала во нивното друштво. Фотографиите од нивната заедничка дружба беа споделени на „Инстаграм“ профилот на Кенсингтонската палата.
Текстот Принцот Филип до Божиќ ќе остане во болница, не сака никој да го посетува е превземен од Reporter.mk.