Деветнаесет годишната Еими Хага од Јапонија која студиала на Универзитетот „Мие“ добила петка за својот есеј, иако на професорот му предала празен лист хартија. Еими само напишала кратка порака на горниот дел од листот, порачувајќи му на професорот дека треба само да ја загрее хартијата.
Кога професорот го загреал листот хартија, на него почнало да се појавува текстот од есејот на Еими. Таа го напишала целиот испит со невидливо мастило. Користела традиционално јапонско невидливо мастило наречено „абуридаши“. Таа направила од екстракт од соја. И биле потребни два часа да го направи екстрактот.
Кога конечно го напишала есејот на традиционална јапонска хартија „ваши“, мастилото се исушило, а буквите навидум исчезнале, мешајќи се со белата нијанса на хартијата.
„Професорот рече дека ќе даде висока оценка на оние студенти кои ќе бидат креативни. Па затоа решив да направам есејот да се издвојува од останатите“, изјавила Хага.
Таа објаснила дека ваквата идеја ја добила од анимирана тв-емисија која ја гледала како дете. Нејзиниот професор Јуџи Јамада изјавил дека бил изненаден од изборот на Хага и се сомневал дека нејзините зборови ќе излезат јасно. Но, сепак на крајот одлучил да ѝ даде највисока оценка за нејзината креативност.
За да остави скриени неколку букви, професорот не го прочитал есејот до крај.
Текстот Јапонска студентка добила највисока оценка иако предала празен тест е превземен од Reporter.mk.