Мајкл Џексон го позајмил гласот во Симпсонови

Познатиот американски продуцент Мет Грејнинг откри дека музичката ѕвезда Мајкл Џексон го позајмил гласот во една од сериите на „Симпсонови“. Станува збор за епизодата Stark Raving Dad од третата сезона која се емитуваше за прв пат во 1991 година.

Во оваа епизода еден од пациентите на психијатрија, му се претставува на еден од главните јунаци Барт, како Мајкл Џексон.

„Вистина е. Јас со твојот татко сум во психијатриска болница“, му одговара ликот кој нималку не наликува како кралот на попот, но на крајот се испоставило дека тоа е неговиот глас.

Фановите на „Симпсонови“ ги збуни фактот што на крајот на епизодата, името на Мајкл Џексон не било потпишано. Заслугите му биле доделени на Џон Смит. По години шпекулации, Мет во едно интервју во австралиско ТВ шоу The Weekly стави крај на сите недоумици и ја потврди оваа теорија пред фановите.

„Навистина го имавме во серијата“, почна Мет да зборува и откри како лично го повикал Мајкл Џексон преку телефон. Џексон мислејќи дека се шегуваат со него, веднаш ја завторил слушалката.

„Повторно му се јавив и ми рече дека многу му допаднал ликот на Барт и дека со задоволство би гостувал во серијата“, изјавил Грејнинг.

„Тој го одработи својот дел од работата, но на крајот не сакаше да го потпишеме. Тоа стоеше во договорот со неговата дискографска куќа“, се потсети Грејнинг.

Текстот Мајкл Џексон го позајмил гласот во Симпсонови е превземен од Reporter.mk.