(Видео) Песна на Теа меѓу 50 најдобри во Европа

Песната „Која сум јас“ на македонската пејачка Теа Трајковска се најде на листата „Топ 50 песни од Европа“, на веб-радиото Sounds European од Америка. На листата биле предложени околу 1600 песни, а песната на Теа е избрана меѓу 50. најдобри.

„Изненадена сум затоа што никој никаде не ја ја пратил песната. Ова е веб-радио од Америка што третира европска музика и споделува сè што се издава во секоја европска држава. Тие ја следат и македонската сцена и објавуваат песни што се промовирани кај нас. И од повеќе од 1600 песни што ги пуштале годинава, нивниот тим гласал за најдобрите 50, а таму влегла и ‘Која сум јас’“, раскажа Теа за „Репортер“.

Ова е прво вакво признание за младата пејачка. Таа лани го издаде албумот „Која сум јас“, а пред неколку дена го промовираше спотот за песната „Што би било“.

(А.Ј)

Текстот (Видео) Песна на Теа меѓу 50 најдобри во Европа е превземен од Reporter.mk.