Фолк-пејачката Сузана Спасовска во интервју за емисијата „Живот со стил“, јавно прозборе за ќерка си Теона и нејзиниот татко. Таа раскажа дека Теона е вонбрачно дете и дека го нема видено татко ѝ од бебе. Пејачката претходно речиси никогаш не зборувала јавно за таткото на нејзината ќерка.
Теона е единственото дете на фолк-пејачката. Таа често изјавува дека е горда на својата ќерка и на тоа што таа израснала во успешна млада девојка. Теона неодамна се омажи за нејзиното долгогодишно момче Виктор Велковски. На свадбата беше највесело беше кога Сузана ги запеа нејзините најголеми хитови.
Инаку, Теона неколку пати се појавила во спотовите на нејзината мајка.
Текстот „Теона го нема видено татко ѝ од бебе“, Сузана Спасовска прозборе за вонбрачната ќерка е превземен од Reporter.mk.