Српскиот весник „Курир“ пишува дека фудбалерот Марио Балотели од јануари најверојатно ќе биде играч на „Црвена ѕвезда“. Тие се повикуваат на новиот тренер на клубот, Дејан Станковиќ, кој најавил „трансфер-бомба“ во јануарскиот преоден рок. Еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата и член на „Бреша“, во 2010 година играл со Станковиќ во „Интер“ во 2010 година, па тоа ја зголемува можноста за негов трансфер.
Балотели, поради расистичките навреди на кои е исложен во Италија, изразил желба да го напушти клубот, а од „Бреша“ велат дека нема да му прават проблеми и дека може да замине во јануари.
29-годишниот фудбалер во моментов заработува 900.000 евра годишно, што „Ѕвезда“ може да си го дозволи.
Балотели во кариерата бил играч на Марсеј, Ница, Ливерпул, Милан, Манчестер сити и Интер.
Текстот Балотели од јануари во „Црвена ѕвезда“ е превземен од Reporter.mk.