Принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора, денеска e пуштен од лондонската болница „Крал Едвард VII“ каде што помина четири дена поради инфекција. Војводата од Единбург (98) излегол од болницата и влегол во автомобилот со кој го одвезле кон Бакингамската палата, пренесе „Ројтерс“.
Принцот Филип беше примен во болница поради мерки на претпазливост, соопшти Бакингамската палата на минатата недела. Потоа во јавноста се појавија информации дека тој не сака да прима посети додека е во болница.
За потсетување, британската кралица и принцот Филип се во брак 72 години.
Текстот Принцот Филип пуштен од болница е превземен од Reporter.mk.