Актреката Силвија Стојановска која е во куќен притвор по меѓународната полициска акција „Кокаин“, одела на два пати во Мадрид и при тоа еднаш да резервира апартман за братот на нејзиниот осомничен сопруг Војислав Будисављевиќ и еднаш за да подигне 10.000 евра, потврди денеска министеротза внатрешни работи Оливер Спасовски.
Стојановска и Будисављевиќ минатата недела беа уапсени откако во Шпанија беше запленет кокаин од 700 килограми, а сопругот на актерката доби 30-дневен притвор. МВР поднесе кривична пријава против Силвија и нејзиниот сопруг за производство за производство и дистрибуција на наркотични средства
Министерот рече дека претходно бил поткупен капетан на брод со 850.000 евра за транспортот на кокаинот од Колумбија до Шпанија, пред дрпгата да биде запленета во Мадрид на 18 декември
Обвинителката Маја Куневска рече дека целта за продажба биле земјите од Западна Европа, а обвинетиот Будисављевиќ е во истражен затвор затоа што веќе имал одлежано една затворска казна, додека Стојановска е во куќен притвор затоа што не е судена и има постојано вработување и сосема е доволно тоа што е обезбедено нејзиното присуство.
– Дрогата била криена во магацин додека се најдат купувачи. Кога се најдоа купувачите настапува апсењето. Две локации се претресени во Скопје и најдени се докази, доека едното место е место на живеење на двајцата сопружници, рече Куневска.
Таа најави дека истрагата ќе се проширува и ќе има размена на докази за да се дооткријат сите учесници.
Текстот Силвија Стојановска резервирала хотел и подигала пари во Мадрид е превземен од Reporter.mk.