Дортмунд го има најголемото божиќно дрво во Германија, високо 45 метри и тешко 40 тони. Традицијата на конструираното божиќно дрво во Дортмунд е стара 20 години. На крајот на октомври почна “изградбата” на божиќната елка во центарот на градот, и тоа траеше месец. Подоцна започнува божиќниот панаѓур.
На посебна метална и дрвена конструкција се монтираат поединечните елки високи 3 до 5 метри, , вкупно 1700, и се украсуваат со светилки, исто така во рекорден број од 48.000.
Текстот Во Дортмунд е најголемата новогодишна елка во Германија е превземен од Reporter.mk.