Ким Кардашија и нејзините сестри Кортни Кардашијан и Кајли Џенер потрошиле милиони долари за украсување на домот и организирање на божиќна забава за нивните пријатели, пишуваат светските медиуми. Тие објавиле фотографии и видеа, а многумина ги осудија дека претерале и дека ја уништиле смислата на Божиќ.
„Не е целта да се потрошат милиони на забава. Ова е навистина премногу“, им коментирале фановите на Кардашија, под фотографиите.
Сестрите Кардашијан изнајмиле и пејачки кои ги забавувале гостите, а нивната вила вредна шест милиони долари целата била накитена со стотина божиќни ѕвездчки. Со светлики накитени биле и боровите и обичните дрвца.
„Сè изгледаше како бајка“, напишала Ким Кардашијан.
Гостите во ходникот ги пречекувале пејачки кои им пееле Божиќни песни, а имале можност да пробаат и од скапите и вкусни божиќни колачи.
Текстот (Фото) Сестрите Кардашијан потрошиле милиони за божиќна забава е превземен од Reporter.mk.