Дубаи ја доби најголемата зграда изработена со помош на 3D печатач (ВИДЕО)

Градежната компанија Apis Cor со помош на современата технологија ја изгради највисоката зграда во Дубаи, направена со 3D печатач.

Со висина од 9,5 метри и површина од 640 метри квадратни компанијата тврди дека е тоа најголемата градба направена со 3D печатач.

Apis Cor разви материјал на база на гипс кој минува низ посебен 3D печатач, а кој го прави локална фирма за производство и складирање на градежен материјал.

Печатењето се одвивало на отворено за да се докаже дека оваа технологија може да поднесе тешко опкружување, без контрола на влажноста и температурата.

Зградата е поставена на конвенционални темели, а 3D печатениот материјал е зацврстен со бетон и арматура.

За подовите се користени плочи претходно испечатени, а конвенционални прозорци и покрив се додадени откако се кренати ѕидовите.

„Проектот ни овозможи уникатно знаење и непроценливо искуство кое ќе ни помогне во подобрување на нашата технологија и развој  на нова верзија на нашиот 3D печатач. Овој проект е огромен исчекор во индустријата на 3D принтањето“, изјави Никита Чениунтаи, извршен директор и основач на компанијата Apis Cor.

Извор: Klix.ba

Текстот Дубаи ја доби најголемата зграда изработена со помош на 3D печатач (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.