Светската пејачка Адел е видно ослабена по разводот од Сајмон Конецки. Таа со новиот изглед се пофали на „Инстаграм“ и многумина ја пофалија и коментираа дека никогаш не изгледала подобро. Сепак имаше и такви кои и порачаа дека требало да ослабе кога била во брак со Конецки, а не по нивнииот развод.
Таа се пофали дека новиот изглед е благодарение на секојдневните вежби во теретана и нејзиниот личен тренер.
Британската пејачка се разведе во април годинава од својот 15 години постар сопруг милијардер, со кого беше во брак 3 години. Двајцата се запознаа во 2011 година, а венчавката ја направија во тајност во 2016 година.
Текстот (Фото) Адел ослабе по разводот е превземен од Reporter.mk.