Концептот на Honda покажува како може да се движи транзицијата од класични автомобили во автономни возила
Honda на престојниот Саем за електронија CES 2020, ќе претстави интересен концепт на автомобилот со кој сака целосно да го смени начинот на кој ги возиме возилата. Имено, се што е потребно ќе биде во сместено во интерактивен управувач. Како тоа точно ќе изгледа, сè уште не е познато, но од Honda објавија фотографија и видео од самото возило, како и некои информации за воланот и самиот кабриолет, кој е направен за некои идни времиња во кои на патиштата ќе возат и автономни возила.
Со таков волан, возачите едноставно ќе можат да го сменат режимот на возење од автономен режим во полу-автономен и мануелен режим, односно кога сакаат да уживаат во возењето, ќе можат лесно да ја преземат контролата на возењето во свои раце. Непотребно е да се каже, дека ова не е концепт што не е дизајниран за тековните услови на патиштата, а од Honda велат дека со овој Augmented Driving Concept се обидуваат да го решат проблемот со транзицијата од класични возила управувани од луѓе во автономни автомобили во кои со управувањето ќе раководат компјутери.
Извор: Додај Гас
Текстот Концепт на автомобил од иднината: За додавање гас и сопирање ќе се користи само воланот! е превземен од USB.mk.