Готвачот Хасан Аџар од турскиот град Бурса, кој успеал да влезе и во Гинесовата книга на рекорди со својот бурек, вели дека сака да му направи торта на рускиот претседател Владимир Путин, во облик на најновиот руски ракетен систем „Сармат“. Аџар вели дека има желба тортата лично му ја подари на Путин.
Тој на Путин му го подготвил и традиционалниот турски бурек во знак на благодарност за испорака на ракетниот систем С-400 на Турција.
„Пред половина година му испратив на Владимир Путин наша традиционална пита. По реакцијата од Русија, сватив дека оваа идеја беше успешна. Иако незнам дали рускиот претседател го проба мојот подарок. Ќе беше подобро ако му се послужеше топол, но тоа не може да се направи преку пошта. Затоа би сакал да отидам во Москва кај Путин, не само со топли колачи, туку и со торта долга еден метар, во облик на ракетата Сармат“, изјавил Аџар.
Аџар додал дека му испратил писмо на портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков и побарал помош во организацијата на состанокот.
„Господин Песков, кој, колку што знам, течно го говори турскиот јазик, изрази интерес за мојата претходна испорака и навистина се надевам дека повторно ќе можам да му ги покажам на Путин моите вештини“, додал готвачот.
Според неговите зборови, тој би сакал да им го претстави на Русите турскиот бурек, а во моментов работи и на нов рецепт кој планира да го нарече „Путинов бурек“.
Текстот (Видео) Готвач му прави торта на Путин во облик на ракета е превземен од Reporter.mk.