Глумецот Кевин Спејси повторно се појави на социјалните мрежи, со видео порака со честитки за среќен Божиќ за неговите фанови. Седна покрај камин, Спејси на бизарен начин им порача на сите кои го следат дека понекогаш е добро луѓето да се воздржат од критики и со добрина да допрат до оние за кои сметаат дека не им се допаѓаат.
„Како влегуваме во 2020 година, посакувам многу повеќе добрина во светот. Сигурно си мислите дали сум сериозен. Се разбира, смртно сум сериозен. Следен пат кога некој ќе направи нешто што не ви се допаѓа, можете да го нападнете, но можете и да се воздржите и да направите нешто неочекувано. Можете да го убиете со добрина“, порача Спејси во едноминутното видео.
Многумина ваквата порака на Спејси ја протолкуваа како коментар за сето она што му се случи годинава. Глумецот во филмот „Куќа од карти“, во кој го играше бескруполозниот демократски претседател на САД, Френк Андервуд, беше обвинет за сексуално злоставување, поради што беше и тргнат од малите екрани.
Спејси не беше кривично гонет. Обвинителството се откажа од случајот, откако една од наводните жртви почина, а другата стана недостапна. Спејси беше исфрлен од последната сезона „Куќа од карти“, откако се појавија првите обвинувања. Тој последното видео го објави на бадниковата вечер во 2018 година.
Текстот (Видео) „Победете го противникот со добрина“, Кевин Спејси им честиташе Божиќ на фановите е превземен од Reporter.mk.