Поранешниот сопруг на норвешката принцеза Марта Луиз, Ари Бен, се самоуби, соопшти неговиот портпарол. Тој во 2017 година откри дека имал непријатна ситуација со Кевин Спејси, кој на официјален кралски настан го фатил за гениталиите. „Со Кевин водевме пријатен разговор, а тој по пет минути ми рече: ‘Ајде да одиме надвор и да запалиме цигара’, па ја стави раката под масата и ме фати за гениталиите. Тогаш Бен му реков: ‘Можеби подоцна’ и се извлеков од непријатната ситуација“, рекол во интервју Бен, па додал дека тогаш бил помлад, не бил побелен во косата и очигледно му се допаднал на Спејси.
Бен, кој е автор на неколку романи и театарски претстави, се ожени со норвешката принцеза во 2002 година, а се разведоа во 2017 година. Тие имаат три ќерки. Норвешкиот крал и кралица по самоубиството изјавија дека Бен со години бил важен дел од нивното семејство.
Текстот Се самоуби поранешниот маж на норвешката принцеза, кој го обвини Кевин Спејси за сексуална злоупотреба е превземен од Reporter.mk.