Предвидувањата на Нострадамус за 2020

Францускиот пророк Нострадамус е еден најголемиот пророк на сите времиња, тој е автор на една од најпознатите книги за пророштва. Негоите стихови кои ги има оставено зад себе, за многумина се неразбирливи, но сепак многумина сметаат дека тој со своите пророштва успеал да предвиди некои од клучните моменти во историјата.

Нострадамус го предвидел доаѓањето на Хитлер во Германија или терористичкиот напад на 11 септември 2001 година. Луѓето кои во денешно време ги проучуваат неговите записи ги откриле неговите предвидувања за пожарот на црквата Нотр Дам.

Нострадамус во своите стихови навел дека емоционално најмногу ќе бидат погодени Франција и Италија (земја во која се наоѓа Ватикан). Астрологот Џесиак Адамс ги цитирала стиховите во кои Нострадамус според неа, највееројатно го предвидел пожарот во Нотр Дам.

„Главата на Овен, Јупитер и Сатурн, Вечниот Бог на промени, ќе се случат? По многу време злото ќе се врати, Франција и Италија, какви само емоции ќе доживеат?“.

Во емоциите кои Нострадамус ги споменува во своите стихови можат да се пронајдат изјави од францускиот претседател Емануел Макрон, кој во своето обраќање до јавноста, изјавил дека Нотр Дам е нашата заедничка историја, а неговата порака дека му е тешко да гледа како историјата гори, допрела до многу Французи и католици.

Сепак предвидувањата од кои многу стравуваат е Третата светска војна која Нострадамус вели дека би траела триесет години, иако засега не е познат нејзиниот почеток.

Еве што пророкот предвидува за следната 2020 година.

Доналд Трамп повторно ќе биде избран за претседател, а неговиот живот ќе се најде во опасност. Америка ќе биде погодена од силни земјотреси, особено во Калифорнија во периодот на јуни и јули. Европа нема да биде ништо побезбедна кога се во прашање земјотресите. Иако Нострадамус не навел кога точно ќе се случи, наводно тоа ќе биде во периодот меѓу 7 и 7.5 степени според Рихтер и тоа во Турција.

Глобалната економија повторно ќе биде во криза. Нострадамус ја предвидел кризата во 2008 година, а истата ја предвидува и во 2020 година. Почетокот на новата криза ќе биде Брегзит и излегувањето на Британија од ЕУ.

Нострадамус предвидува дека целото Обединето Кралство може да се распадне. Допрва ќе и се случат лоши работи на земјата. Нострадамус пишува дека ќе почине и монархот кој најдолго владее.

Многу земји ќе бидат погодени од осум големи земјотреси и страшни пожари. Наводно меѓу земјите се Хрватска, Грција, Португалија, Шпанија, Холандија, Германија и Франција. За Америка предвдел дека ќе биде погодена од силни бури и торнада.

 

 

 

Текстот Предвидувањата на Нострадамус за 2020 е превземен од Reporter.mk.