Канадската национална телевизија ги налути приврзаниците на Доналд Трамп откако го прикажа филмот „Сам дома 2“ но, без сцената во која што се појавува американскиот претседател.
Од Си-Би-Си кажаа дека краткото појавување на Трамп и вкупно осум минути од филмот биле исечени уште во 2014 година за да се ослободи простор за реклами.
Во филмот од 1992 година, Трамп, кој во тоа време сѐ уште беше само бизнисмен, му помага на ликот на Меколи Калкин да го пронајде лобито во хотелот „Плаза“ во Њујорк, појавувајќи се на екранот само неколку секунди.
„Право по ходникот, па лево“, му вели Трамп на Кевин.
Меѓу оние кои реагираа на исфрлувањето на Трамп од филмот е и неговиот син Доналд Џуниор, кој го опиша тоа како „пример за патетична и штетна пристрасност на левичарски медиум“.
И Трамп се огласи на Твитер, заклучувајќи дека „филмот веќе никогаш нема да биде ист“.
Текстот Канадската телевизија ја исече сцената со Доналд Трапм во „Сам дома 2“ е превземен од Reporter.mk.