Последните Хомо еректуси исчезнале пред 110.000 години

Постоењето на хомо еректус се проценува на околу милион и пол години.

Последните хомо еректуси изумреле пред 110.000 години на островот Јава во Индонезија, покажува студија објавена неодамна во списанието „Нејчр“.

– Првпат сигурно утврдивме кога точно изумрел хомо еректусот, еден од нашите најважни предци – истакна Кира Весавеј од Универзитетот „Маквори“ во Австралија, која е коавторка на студијата.

Фосилни остатоци од хомо еректус, 12 врвови од черепи и 2 ножни коски се пронајдени во 30-тите години во Нгандонг, на бреговите на реката Соло, на Јава во Индонезија, но не можеше да се утврди нивната старост.

Постоењето на хомо еректус се проценува на околу милион и пол години. Тоа бил првиот далечен предок на денешниот човек, кој пред 1,8 милион години заминал од Африка.

– Хомо еректус од Нгандонг има најголем мозок и највисоко чело меѓу сите познати хомо еректуси, што е знак на голема еволуциска промена. Утврдувањето кога се случила таа промена е пресудно за нашето разбирање на далечните предци – истакна Весавеј.

Извор: Vecernji.hr

Текстот Последните Хомо еректуси исчезнале пред 110.000 години е превземен од USB.mk.