(Видео) Товарен брод удри во брегот во Босфор во Истанбул

Товарен брод удри денес на брегот на Босфор во Истанбул. Сообраќајот во тој дел на мореузот бил прекинат.

Во прашање е бродот „Сонга Иридум“, кој пловел под знамето на Либерија, а инцидентот се случил додека се приближувал во пристаништето Амбрали во Истанбул, пренесува „Ројтерс“.

Бродот, како што пренесуваат медиумите, испловил од пристаништето Одеса во Украина и се насукал на 25 минути на влезот во Босфорскиот мореуз.

Текстот (Видео) Товарен брод удри во брегот во Босфор во Истанбул е превземен од Reporter.mk.