Римски и англосаксонски артефакти биле пронајдени на работ на аеродромот Бенингтон кој се наоѓа во Варвикшајр.
Во гробовите биле најдени керамички садови со висок квалитет и накит. Предметите се реставрирани и може да бидат сместени во локални музеи. Во непосредна близина на местото каде се најдени овие гробови се наоѓала римската тврдина Лунт.
Roman and Anglo-Saxon artefacts found in Baginton https://t.co/HMHa36yfIM
— BBC News (UK) (@BBCNews) December 25, 2019
Предметите биле најдени при копање на темелите за нова населба летото 2017-та година, но археолозите не сакале откритието да се објави, бидејќи сакале да го истражат локалитетот.
Искусниот археолог Најџел Пејџ, кој раководел со ископувањето, изјавил дека станува збор за важен наод и дека откритието е значајно за Западен Мидлендс. Во гробот на девојката биле најдени дури брошови од кои еден е од единствена изработка.
Накитот бил собран на куп и покриен со огледало.
На тој локалитет биле најдени десетина гробови во кои се најдени предмети кои веројатно се донесени од југот на Европа, додека садовите се од северна Франција и Белгија.
“Присуството на француските садови укажува на живиот сообраќај меѓу Европа и британските острови”, констатирал Пејџ.
Во еден гроб биле најдени дел од штит и копје со кожен омот, па се претпоставува дека таму бил закопан воин.
“Населбата на која припаѓала оваа мала некропола во Багинтон покажува дека Римјаните останале во тој дел на Англија и по заминувањето на римските војници во петтиот век”, констатирал Пејџ.
Извор: Kurir.rs
Текстот Копале темели за населба, па откриле древни гробници е превземен од USB.mk.