Оскаровецот Том Хенкс, кој е во брак со глумицата Рита Вилсон, врз основа на нејзиното потекло, доби грчко државјанство. Ова го соопшти кабинетот на претседателот Прокопис Павлопулос, кој лично го потпишал решението со кое му се доделува почесно државјанство на холивудскиот актер.
Според грчките закони, вакво државјанство може да добијат личности кои значајно придонеле за афирмација и исклучителни услуги за земјата или чија натурализација е во корист на јавниот интерес.
Одамна е познато дека Хенкс и Вилсон често патуваат во Грција, а нивна омилена дестинација е островот Антипарос.
Текстот Том Хенкс доби грчко државјанство е превземен од Reporter.mk.