Ако не сте ја избрале сè уште совршената комбинација за дочекот на Новата година, тогаш ова е вистинско време. Оваа година ни донесе многу трендови, а стилот од осумдесеттите и седумдесеттите пронајде место во најновите колекции на најпрестижните брендови. Кога дизајнерите ги комбинираат урбаните трендови со ретро модата, тогаш сè е дозволено… миди или мини здолништа, макси здолништа, широки пантолони, кошули со ѕвончести ракави…
Меѓутоа, кога е во прашање свечената новогодишна вечер, дизајнерите и инфлуенсерите едноставно се сложуваат дека е пожелно сета облека треба да биде покриена со фини светки. Оваа сезона се ин мини фустани со светки во црвена, зелена, црна или сина боја. Класичната сина е одбрана за главна боја во 2020 година, па затоа е пожелно оваа нијанса да ја одберете за влез во новата ера.
Доколку сепак сакате класика, сребрените и златни фустани се секогаш одличен избор. Надополнете ја својата комбинација со убави чевли со висока потпетица и спремни сте за најлудата ноќ во годината.
Погледнете ги инспиративните предлози:
Текстот Шеесет модни стилови за новогодишната ноќ е превземен од Reporter.mk.