Дали би можеле да претпоставите чии се овие прсти? Не е она што мислите!

Неодамна горилата Анака од Зоолошката градина во Атланта го прославила својот шести роденден. Вработените по тој повод направиле неколку фотографии од симпатичната славеничка и ги споделиле на Фејсбук.

Покрај многубројните честитки и убави желби кои ги напишале луѓето, се нашле и коментари за еден детаљ од фотографиите кој ги запрепастил луѓето.

Анака на прстите има дел од кожата без пигмент. Кога ќе ги видите прстите од горилата во таков облик ќе сфатите колку неверојатно наликуваат на човечките прсти.

Од Зоолошката градина велат дека не е само кожата на Анака единствена туку и нејзината личност воопшто.

„Често се кара со својата мајка и останатите за да го заземе најдоброто место во текот на хранењето. Неретко гледаме и како браќата и сестрите ја носат на нејзините грбови“ – напишале на службената страница од ЗОО.

Anaka turns a big 6 today! You can always pick her out of Taz’s family group because of the unique pink pigmentation on her fingers. #OnlyZooATL

Posted by Zoo Atlanta on Петок, 30 август 2019

Додека некои од коментарите биле дека Анака веројатно има витилиго, состојбата во која кожата го губи својот пигмент, жена со име Морена Лејл напишала дека во Зоолошката не веруваат во тоа.

„Ги прашав за тоа и ми одговорија: „Нејзината кожа отсекогаш изгледаше така и не се менуваше во текот на годините““ – открила таа.

„Овие фотографии најдобро покажуваат колку генетски сме блиски“, „Како некои луѓе не веруваат во еволуција кога ќе го видат ова“ – дел од коментарите кои ги предизвикале фотографиите од Анака.

Извор: Informer.rs

Текстот Дали би можеле да претпоставите чии се овие прсти? Не е она што мислите! е превземен од USB.mk.