Глумците Гораст Цветковски и Сашко Коцев, се преправија во Дедо Мраз и неговото џуџе-помошник, па делеа новогодишни пакетчиња на децата на неколку свои пријатели. Тие, меѓу другите, ги посетија домовите на режисерот Срѓан Јаниќиевиќ, глумците Тони Михајловски и Александар Микиќ и пејачката Кристина Арнаудова.
„Најдобрите Дедо Мраз и Елф евер. Најдобрите пријатели кои човек може да ги има… Секоја година ги изненадуваат децата на нивните пријатели! А мајката и малото, секоја година ги нема на слики, пошто се веќе успани“, напиша Кристина.
Таа и пред две години објави слики од дружбата на Сашко и Гораст со нејзиниот син Максим. Тој тогаш спиел и не се сеќава дека дошле да му донесат пакетче, но годинава ги пречека буден. Воодушевени од Дедо Мраз и џуџето беа и децата на сите нивни пријатели. „Годинава првпат дојдоа кај нас и нè шокираа“, напиша харфистката Весна Микиќ, сопруга на актерот Александар Микиќ.
Не е првпат Гораст и Сашко преправени во Дедо Мраз и џуџето да одат од врата на врата кај своите најблиски пријатели. Тие веќе неколку години се маскираат и пред Нова година им делат пакетчиња на децата.
Текстот (Галерија) Дедо Мраз и џуџето од врата на врата делеа подароци низ Скопје е превземен од Reporter.mk.