Македонскиот пејач Зоран Илиев стана татко. Тој и неговата сопруга Анѓелка добија ќерка, а девојчето ќе се вика Бисера. Веста за раѓањето на девојчето пејачот ја сподели преку социјалните мрежи и доби бројни честитки од своите пријатели и следбеници.
Зоран и Анѓелка се свршија на почетокот на годината, а се венчаа на 11 јули.
Пејачот е долги години на македонската музичка сцена, а публиката најмногу го памети по двете победи на „Макфест“ во Штип. Првиот пат победи со песната „Ангели и демони“, а вториот пат заедно со Анабела Атијас кога ја пееја песната „Од утро до вечер“.
Текстот Пејачот Зоран Илиев стана татко е превземен од Reporter.mk.