Под мотото „Напрај се Василичар,“ Вевчанци ги завршуваат подготовките за Вевчанскиот карневал. Маските се подготвени, Василичарите го чекаат 13 јануари за конечниот почеток на карневалот стар милениуми. И оваа година се очекуваат рекорден број на посетители. Лани над 10 илјади гости присуствуваа на Вевчанскиот карневал, а домаќините велат дека секоја година бројот се зголемува. Тие сѐ уште ги чуваат во тајност маските коишто ги подготвуваа во текот на целата година, но најавуваат многу сатира, креативност и одлична забава.
Рестораните и кафеаните се подготвени за да ги пречекаат гостите. Велат дека неодоливата вевчанска кујна и вкусното вевчанско вино несомнено ќе ги расположат посетителите и покрај ниските температури.
Текстот Во Вевчани подготвени за карневалот, маските ги чуваат во тајност е превземен од Reporter.mk.