(Галерија) Македонец ги дизајнираше најубавите копачки во Европа

Копачките со ликот на Аладин што ги наслика македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски се избрани за најубави копачки во Европа според престижниот „L’ÉQUIPE“ од Франција. Тие му припаѓаат на поранешниот фудбалер на „Вардар“, Тигран Барсегјан. На листата со 10 најдобри копачки за 2019 година се најдоа дури четири дизајни од Грабулоски.

Меѓу топ 10 се најдоа и копачките на Елиф Елмас наречени „Еден сон“, дизајнот The Panthers за копачките на Пјер Емерик Обамејанг и копачките на Роберт Левандовски, кои Сатја му ги даде пред натпреварот Македонија – Полска во квалифкациите за Европското првенство во Скопје.

Копачките на Елиф Елмас

Сатја не крие дека е презадоволен од признанието што тој и неговиот тим го добија за напорната работа.

„Тешко дека ќе освоиме златна топка во фудбал, ама ете барем златна топка во дизајн. Годинава работевме навистина многу, а ова е само почеток. Насликавме патики, но и обувки за повеќе од 50 ѕвезди, меѓу кои и Кристијано Роналдо, Мајли Сајрус, Калвин Харис, Дуа Липа, Стив Аоки, кралицата од Катар, Робин Шиулц, Зендаја“, ни раскажа Сатја.

Познатиот дизајнер ни откри и дека веќе работат на следниот проект – патики за неколку ракометари што ќе настапат на Европското првенство што ќе се игра во јануари во Австрија.

(А.Ј)

Најубавите копачки во Европа според францускиот весник

Копачките на полскиот фудбалер Роберт Левандовски

„Пантерките“ на Пјер Емерик Обамејанг

Текстот (Галерија) Македонец ги дизајнираше најубавите копачки во Европа е превземен од Reporter.mk.