Оваа година ја одбележаа многу принови. Познатите стнаа родители, дедовци, баби…
Катарина Ивановска доби ќерка
Годинава што измина беше среќна за Катарина Ивановска. Таа ја роди ќерката Кира. Во интервју за „Репортер“ таа ни раскажа дека е среќна што, покрај синот Вања, има и ќерка.
„Конечно, заслужив наследничка“, ни рече Катарина, која ни откри и дека сопругот Цобе многу ѝ помага за децата.
Сузана среќна со внукот Јаков
Пејачката, водителка и писателка Сузана Турунџиева во март стана баба. Ќерка ѝ Лора го роди синот Јаков. Сузана ни раскажа дека дека ќерка ѝ е голем херој и оти со раѓањето на внукот почна убав период за целото семејство.
„Лора ја избра животната улога. Таа реши да биде мајка и тоа не е мала работа. Среќна сум што е така и не знам како веќе да му се изнарадувам на Јаков“, ни раскажа Сузана во интервју.
Нина Јанева стана мајка, а ќерката доби име по лик од „Игра на троновите“
И пејачката Нина Јанева оваа година стана мајка. Таа и сопругот Александар ја добија ќерката Арја. Иако имала тешко породување, Нина вели дека, сепак, раѓењето на ќерката е најголемото нејзиното достигнување. Ќерката носи име по омилениот лик на Нина од серијата „Игра на троновите“.
Јана Стојановска во седмиот месец го роди синот Ненад
Актерката Јана Стојановска се породи два месеца порано. Таа го роди синот Ненад во болницата во Букурешт, каде што таа живее со сопругот, кошаркарот Андрија Боиќ, кој игра за клубот „Волунтари“. Синот на Јана го носи името на нејзиниот покоен татко, големиот актер Ненад Стојановски. Бебето сега одлично напредува.
Кили стана дедо
Неговата ќерка Јоана се породи на Еквадор, каде што живее со сопругот Родригез Сорија Хосе Луис. Јоана роди машко дете, доби име Аниш Круз Родригез Деан. Последното презиме е од мајката на Јоана, сопругата на Кили, Гордана Деан Поп-Христова, основач на балетското студио „Ребис“.
Наум Петрески стана дедо
Фолк-пејачката Анастасија Петреска, ќерката на Наум Петрески, во март стана мајка. Таа ја роди ќерката Андреа. Анастасија е во брак со пејачот од „Биоритам“, Владимир Поповски, а Наум, пак, за „Репортер“ изјави дека е среќан што е девојче.
Јоце Панов доби син
Крајот на оваа година е најсреќен и за пејачот Јоце Панов. Тој и неговата сопруга Марина Нацевска го добија синот Лука. Панов раѓањето на синот го прослави со голема забава во еден скопски клуб со многу гости. И хип-хоп артистот Тони Зен и неговата сопруга Валентина Јованова во март станаа родители на Јасен, а син доби и пејачот Дарко Илиевски. Неговата сопруга се породи во Америка, каде што живеат.
Текстот Родители, дедовци, баби: 2019 беше година на бебиња е превземен од Reporter.mk.