(Фото) Сања и Слаткар чекаат бебе

Сања и Слаткар во 2020 година ќе станат родители. Познатиот музичар по полноќ објави слика на Инстаграм од бремената сопруга, и откри дека тој и поранешната Мис на Македонија, чекаат прво дете.

„Ќе бидам татко. 2020 ќе биде моја најубава година“, се пофали Слаткар.

Слаткар и Сања се венчаа 2014 година. Свадбата, на која свиреа и трубачи, ја почнаа со танц на песната „Кажи да“, што Слаткар ја напиша за неговата сопруга. Двојката не зборува често за нивниот приватен живот во јавноста, но во интервју за „Репортер“ лани, Слаткар ни откри дека едвај чека да стане татко.

Текстот (Фото) Сања и Слаткар чекаат бебе е превземен од Reporter.mk.