Сателитските снимки покажаа огромна црвена дамка во океанот во близина на Нов Зеланд која има површина поголема од сојузната американска држава Тексас.
Сателитските снимки од набљудувањата над јужниот дел на Тихиот Океан покажаа дека источно од Нов Зеланд има огромна површина каде водата е невообичаено топла, објави CNN.
Ова е само уште еден проблем предизвикан од климатските промени, а се одразува на живиот свет. Со покачувањето на температурите се случува голема промена во океаните која се заканува на опстанокот на многу видови.
Температурата на водата е околу 5°C повисока од просекот за овој период во годината во овој предел, вели Џејмс Ренвик, професор и декан на Факултетот за географија при Универзитетот Викторија во Велингтон.
Многу ретко се случува ваков феномен на олку голема површина, а научниците сметаат дека со глобалното затоплување проблемот само ќе станува поголем.
„Површината на океанот го прави она што ќе ѝ каже воздухот над неа“, објаснува Ренвик.
“Тоа подрачје примило многу сончево зрачење, а немало западни ветрови за да ја однесат таа топла маса. Загреаното подрачје на сателитските снимки се гледа како една огромна црвена дамка“, додаде Ренвик.
Тој истакнува дека источно од ова невообичаено топло подрачје има невообичаено ладно подрачје што е три степени Целзиусови поладно од просекот за овој период од годината.
Научниците не знаат колку длабоко во водата се спушта топлото подрачје, но Ренвик проценува дека не се работи за повеќе од 40-тина метри, бидејќи потребна е огромна енергија за да се загрее толкава водена маса за неколку недели.
Пред неколку месеци научниците забележаа слична топла водена маса покрај Алјаска и сметаат дека тоа се должи на топењето на арктичкиот мраз.
Ваквите подрачја каде има невообичаено затоплување на површинската вода во океанот претходно предизвикувале помр на морскиот жив свет, како сушење на коралите и алгите.
Според резултатите на една најнова анализа, од 1925 до 2016 година забележан е пораст од 54% во бројот на топли водени бранови што се регистрираат на годишно ниво.
Од 1982 до 2016 година научниците забележале алармантно зголемување од 82% на бројот на денови кога површината на океанот била „жешка“.
Текстот Црвен аларм: Климатските промени ќе го „сварат“ Тихиот Океан е превземен од USB.mk.