Северина Новата година ја мина со најблиските, нејзиниот сопруг Игор Којиќ и синот Александар. Таа објави заедничка фотографија и упати порака со честитки и желби за успеси на сите нејзините фанови.
„Што ќе понесете со себе за Нова година? Не носете со себе тежини, понесете прилики! Понесете радост, надеж и утеха. Времето минува, а луѓето заминуваат, на момент или засекогаш, но убавите работи секогаш се паметат. Секогаш носете ги во своето срце луѓето кои ви кажале убава работа, ви подариле насмевка и охрабрување“, напиша Северина.
„Сетете се на луѓето кои ве повредиле, тие ве учат што е навистина животот. Немојте да жалите за уште една година позади вас, радувајте се на убавите денови, години, и на се што ви дава животот. Многу не го дочекаа овој ден, но вие да. Речете фала и повторете уште еднаш фала. Колку повеќе повторувате никогаш не е доста. Знаете ли зошто? Затоа што животот навистина е се што имаш!„ напиша Северина на Инстаграм.
Северина годинава го изгуби спорот со нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ кој го доби старателството над синот. Двајцата подоцна се договорија околу деновите кога може пејачката да го гледа синот.
Текстот (Фото) Северина Новата година ја прослави со синот е превземен од Reporter.mk.