Ексклузивецот на „Гранд продукција“ и поранешен победник на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ, ја промовира новата песна „Судбина то зна“. За песната Ален сними и спот.
„Новата песна е во малку поразличен стил од она што досега го пеев. Музиката е моја, текстот го напиша Јелена Трифуновиќ, која работи со Саша Матиќ и Тропико бенд, а продукцијата и аранжманот се на Бехим Авмедоски – Бекито“, вели Хасановиќ.
Видеото го сними „АХ Медиа“, а во режија на Армин Хасановиќ. Покрај Ален, во спотот се појавува манекенката Антонела Димова.
Текстот (Видео) Ален Хасановиќ ја бендиса Антонела е превземен од Reporter.mk.