Глумецот Метју Пери веќе неколку месеци е во врска со познатата водителка Моли Хурвиц. Светските таблоиди пренесуваат дека двајцата заедно го минале Божиќ. Неодамна биле видени на вечера во еден италијански ресторан во Холивуд.
„Тие се гледаат со месеци. Заедно се во исти кругови. Таа е со потекло од Њујорк и добар дел од времето го минаа таму. Таа има чуден вкус за хумор, нешто што му одговара на Чендлер. Божиќ го минаа заедно во неговиот стан со пријателите“, открива извор близок до Пери.
Пери загрижи голем дел од неговите фанови, со последните објавени фотографии на кои тој изгледа целосно запустен. На нив тој е небричен, неисчешлан во широка бела маица и со цигара во раката. Голем дел од коментарите по социјалните мрежи биле дека глумецот повторно им се вратил на старите навики, алкохолот и дрогата.
Текстот (Фото) Ченлдер од „Пријатели“ е во врска со позната водителка е превземен од Reporter.mk.