Ивана Легин се прослави во 1990 година кога заедно со Здравко Чолиќ ја испеа песната „Чаје шукарије“. Девојчето со црвена коса и пеги на лицето пееше „Ја се зовем Ивана, а тата ме зове злато“ и за кратко време стана миленичка на публиката во поранешна Југославија.
Денес, 35-годишната Ивана живее во Австралија. Неодамна, во интервју за магазинот „Лола“ раскажала дека соработката со Здравко ѝ останала во убаво сеќавање.
„Се сеќавам на снимањата во студио со Здравко кога се шегував со него дека е девојче зашто има долга коса. Ми се чини дека го промени миџот за таа плоча затоа што на албумот имаше убава залижана кратка коса“, рекла Ивана.
Таа открила дека пред неколку години се сретнала со популарниот пејач на негов концерт во Мелбурн и дека поминале неколку часа заедно, па се присетиле на минатото.
Текстот Како изгледа денес Ивана што пееше „Чаје шукарије“ со Чолиќ е превземен од Reporter.mk.