Неделен хороскоп од 3 до 9 септември

Овен

Mожеби оваа недела нема да ви биде добра како што ви беше претходната, но потрудете се да го извлечете најдоброто од неа. Малку рекреација и вежбање не е ишок. Кога ќе имате слободно време, направете вкусна вечера и повикајте ги пријателите.

Бик

Оваа недела е дефинитивно ваша недела. Искористете ја за да ги правите работи што ги сакате и што ве прават среќни. Доколку имате партнер, а сѐ уште не сте во врска, можеби оваа недела ќе одлучите да го промените тоа и да го зацврстите вашиот однос. Здравјето во овој момент е добро, но не прескокнувајте ги рутинските прегледи.

Близнаци

Заборавете на тврдоглавоста неделава, бидејќи таа само ви носи негативна енергија и лошо расположение. Наместо тоа, правете компромиси и забавувајте се. Вашиот среќен ден оваа недела е сабота, па очекувајте тогаш да се случи некој пресврт во вашиот љубовен живот.

Рак

Креативноста и иновативноста искористете ги за нешто ново. Покажете го талентот за пишување и можеби тоа е она што ќе ве исполни. Никогаш не е доцна за нова професија. Проблемите што ги имате на работа оставете ги на работа, во никој случај не носете ги дома бидејќи така не само вие, туку и сите околу вас ќе бидат нервозни.

Лав

Поради финансиските проблеми на почетокот на оваа недела ќе се чувствувате депресивно, но затоа тука се вашите пријатели кои ќе се потрудат да ве расположат. Правете работи кои ви причинуваат задоволство, на пример отидете со партнерот во кино, малку промена добро ќе ви дојде и на двајцата.

Девица

Оваа недела испланирајте некое кратко патување со партнерот кое дополнително ќе ви ја зацврсти врската. Доколку не сте во врска, на патувањето можете да отидете со пријатели и нема да зажалите. Во некои делови од неделата ќе се чувствувате како да сте осамени и тажни, но до крајот на неделата сѐ ќе биде во ред.

Вага

Обидете се повторно да се зближите со партнерот и зачинете ја врската. Тоа со сигурност ќе ви донесе добро расположение, како на вас така и на вашиот партнер. Можни се мали проблеми на работа со вашите колеги, но до крајот на оваа недела сѐ ќе се реши. Вежбајте повеќе.

Скорпија

Поради обврските што ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување.

Стрелец

Ведрината повторно ќе може да се види на вашето лице оваа недела. Тоа ќе се должи на неколку пријатни моменти кои ќе ви се случат. Ве очекува малку понапорна недела на професионално поле, но со добра желба, можете сѐ да постигнете. Четврток е вашиот среќен ден оваа недела.

Јарец

Време е да престанете да верувате во соништа и да  почнете да гледате реално на ситуацијата. Затоа, фатете се за работа и дејствувајте. Можна е мала расправија со партнерот, но со разговор сѐ може да се реши. Во втората половина на неделата, внимавајте малку повеќе на здравјето.

Водолија

Ќе имате мал проблем со финансиите, но до крајот на неделата ќе го средите. Наместо да излегувате и да шетате, останете во својот дом и уживајте во добар филм. Слободното време искористете го за некој што навистина заслужува. Одбегнуваје ги луѓето што ви создадат негативна енергија. Можни се болки во колената.

Риби

Неделата почнете ја дружејќи се со пријателите и разговарајќи за убавите моменти што сте ги имале во минатото. Во секоја работа што ќе ја започнете бидете горди на себе и завршувајте ја до крај, само така ќе можете да имате успех. Партнерот ќе се чувствува запоставено, затоа обрнете му малку повеќе внимание.

Текстот Неделен хороскоп од 3 до 9 септември е превземен од Reporter.mk.