Моделот и лото-девојка Марјана Станојковска и актерот Васил Зафирчев ќе бидат водители на поп и интернационалната вечер на 25. јубилеен фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“. Фестивалот ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември, а ќе настапат преку 80 изведувачи. Фестивалот покрај македонската телевизија ќе го пренесуваат уште седум балкански телевизии и австралискиот сателитски канал INTV.
Песните од поп и фолк-вечерта ќе се најдат на ЦД-а кои ќе ги сними „Сенатор“ од Битола. На фестивалот ќе пеат и Карлос (Бугарија), Жак Худек и Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), Ален Исламовиќ (БиХ), групата „Балканика“ и Мерима Његомир (Србија), и други.
Свое шоу на „Охрид фест“ ќе има Трифун Костовски.
Уметнички директор на фестивалот е Григор Копров.
Текстот Марјана и Зафирчев водители на „Охрид фест 2018“ е превземен од Reporter.mk.