Горан Каран се откажал од „Дора“, хрватското натпреварување за Евровизија. Тој ова го решил сам кога во јавноста почнало да се зборува дека песната со која требало да се натпреварува веќе ја извел на концерт во Босна и Херцеговина, а правилата велат дека песната пред изведувањето на „Дора“ не смее да се објави или да се изведе никаде. Каран тврди дека песната досега никаде не е изведена.
Тој додал и дека не се занимава со музика за да се натпреварува, туку затоа што ја сака музиката, па тоа и притисокот од јавноста и медиумите го поттикнало да се повлече од „Дора“.
„На тој начин сакам да не оставам простор за какви било контроверзии и нуспојави бидејќи, како што се вели во стиховите, ‘моето наследство е – љубов’“, рекол Каран.
Текстот Горан Каран се повлече од хрватскиот натпревар за Евросонг е превземен од Reporter.mk.