(Фото) Атанас за синот славеше до зори

Глумецот Атанас Атанасовски вчера стана татко. Неговата партнерка Александра роди син, кој ќе се вика Павле. Раѓањето на синот Атанас го славеше до зори во позната скопска кафеана. Музика, пеење и многу забава, а сликите од журката нивните пријатели ги објавија на Инстаграм. На забавата за раѓањето на Павле дојдоа и топ-моделот Катарина Ивановска, пејачките Тамара и Тијана, Тино Костадиновски и многу други актери. Тамара и Тијана се фатија за микрофонот и запеаја за раѓањето на бебето.

Атанас, кој во јавноста е најпознат по улогите во претставите „Вардарски пастуви“, „Не сега драга“, „Стјуардеси“, долги години беше во врска со Александра. Двојката се венча неодамна. Александра, пак, славеше роденден на 1 јануари, еден ден пред раѓањето на синот.

 

Текстот (Фото) Атанас за синот славеше до зори е превземен од Reporter.mk.