(Фото) Лажен лик се претставува како Игор за да бара пари на „Фејсбук“

Внуката на Игор Џамбазов, Марија, откри дека непознат лик на „Фејсбук“ лажно се претставува како популарниот глумец и шоумен и дека од неговите обожаватели, преку пораки, бара пари за лекување на младо момче. На „Фејсбук“ непознатиот лик е запишан како Игор Џамбазов, а профилната слика е постара фотографија од глумецот. Марија вели дека Игор веќе неколку години не ја користи оваа социјална мрежа. Таа сподели и преписка со лажниот Џамбазов.

„Игор Џамбазов не користи фејсбук-профил веќе неколку години. Ве замолувам да го пријавите профилот кој го злоупотребува неговото име и дело“, напиша таа.

„Што сè не прават луѓето за пари“, „Луди луѓе, еј“, се дел од коментарите.

Инаку, Игор скоро една година има свој профил на „Инстаграм“. Неодамна во интервју за „Репортер“ тој откри дека е „главна инфлуенсерка“ во државава и објасни зошто е попопуларен од познатите македонски дами кои се инфлуенсерки на „Инстаграм“.

Текстот (Фото) Лажен лик се претставува како Игор за да бара пари на „Фејсбук“ е превземен од Reporter.mk.