DeepMind, AI компанија која во 2014 година ја купи Google, успеа да намали еден голем проблем со детекцијата на рак. Поточно, карциномот на дојка е најчестиот вид карцином кај жените, а откривањето е отежнето затоа што има многу висок процент на лажни позитивни резултати. Тоа доведува до ситуации каде некои жени биле подложни на медицински интервенции, иако немало објективна потреба од тоа, додека други не го добиле потребниот медицински третман. DeepMind успеал да развие AI модел, кој врз основа на скенирања успева да го идентификува ракот на дојка со значително помалку лажни позитивни или негативни резултати (кога ракот е присутен, но не е откриен) од лекарите кои се занимаваат со тоа.
Компанијата го тренирала својот AI со податоци од бројни пациенти од САД и Велика Британија, а резултатите кои ги постигнаа го намалија бројот на лажни позитивни наоди за 5,7 проценти, а лажни негативни наоди за 9,4 проценти во САД, односно за 1,2 и 2,7 процент во Велика Британија. Ова покажа и дека системот за превенција и откривање на рак на дојка во САД е значително полош отколку во Велика Британија.
Инаку, DeepMind досега се користеше во најразлични медицински цели, од откривање на болести на очите па се до предвидување на заболувања на бубрезите. Меѓутоа, ни оваа компанија не е занемарена од контроверзии, бидејќи во 2017 година британскиот Национален здравствен систем ги сподели податоците со нејзе, како што се испостави, на „нелегален начин“. Поточно, тогаш компанијата доби здравствени податоци од 1,6 милиони пациенти, без нивно знаење и одобрение.
Извор: PC Press.rs
Текстот Вештачка интелигенција на Google попрецизно од доктор детектира рак на дојка е превземен од USB.mk.