Поранешниот топ-модел, Синди Крафорд, не сака нејзината ќерка Каја Гербер (18) да ја продолжи врската со контроверзниот комичар Пит Дејвидсон (26). Тој во јавноста е познат по неговите пороци, склоноста кон алкохолот и наркотиците, па Синди и нејзиниот сопруг, Ренди, сакаат да ја тргнат Каја од Пит.
Според медиумите, Каја веќе се иселила од семејниот дом за да живее со момчето. Сега Синди и Ренди се обидуваат да ја саботираат нивната врска, зошто сметаат дека комиучарот има лошо влијание на Каја. Фотографите го сликале инцидентот на Менхетн кога вознемирените родители дошле да ја земат својата ќерка од Њујорк, за да ја одведат дома во Малибу.
Пит, пак, се прослави во познатото американско шоу Saturday Night Live, а таблоидите често пишуваат за неговиот бурен љубовен живот. Тој пред скоро две години се вери со пејачката Аријана Гранде, но ја раскинаа веридбата, а се гледаше и со 20 години постарата глумица Кејт Бекинсејл.
Текстот Синди Крафорд е против врската на нејзината ќерка со контроверзниот комичар Пит Дејвидсон е превземен од Reporter.mk.