Познатата глумица Шерон Стоун била избришана од апликацијата за запознавање „Бамбл“, откако неколку корисници пријавиле дека нејзиниот профил е лажен. Шерон преку „Твитер“ откри дека добила порака во која ја известуваат дека e блокирана. Таа ги замоли „Бамбл“ да ѝ го вратат профилот.
„Влегов на сајтот на ‘Бамбл’ но мојот акаунт беше затворен. Некои корисници обвиниле дека тоа не може да бидам јас. „Дали сум јас исклучок? Немојте да ме исклучувате од кошницата!“, напиша таа и ја сподели пораката во која ѝ јавуваат дека се претставува со лажно име.
„Вие сте блокирани. Се залагаме за безбеден Бамбл, што значи дека мора да спроведеме одредени правила кога ќе се прекршат нашите вредности. Вашата сметка е блокирана затоа што добивме неколку известувања дека вашиот профил е лажен“, стои во пораката.
„Бамбл“ се разликува од другите апликации за запознавање со тоа што жената мора да иницира контакт со мажот, така што прва ќе испрати порака.
Стоун (61) беше во брак двапати, со телевизискиот продуцент Мајкл Гринбург беше мажена од 1984 до 1987 година, а со Фил Бронстајн, извршен уредник на „Сан Франциско хроникл“, беше во брак од 1998 до 2003 година. Таа има три посвоени деца, Роан (19), Лард (14) и 13-годишниот Квин.
Текстот Апликација за запознавање ја блокира Шерон Стоун, корисниците не верувале дека профилот е на глумицата е превземен од Reporter.mk.