Новата година донесува промени: Дали сте подготвени компјутерот да ви стане шеф?

Експертите за вештачка интелигенција најавуваат воведување на „гласовен асистент“ кој ќе им помага на шефовите на компаниите и да собира информации за нив

Во 2020 година, роботите нема да ја преземат улогата на луѓето, но човечката зависност од вештачката интелигенција ќе се зголеми, особено во фирмите кои ќе држат курсеви за едукација на вработените за комуникација со високата технологија.

Експертите за вештачка интелигенција најавуваат воведување на „гласовен асистент“, кој ќе им помогне на раководителите на одредени сектори во компаниите да собираат информации за нив и да им пренесат алтернативни планови.

Автономните возила ќе бидат уште поприсутни на патиштата, и покрај луѓето во сообраќајот, ќе почне се почесто да минуваат автомобили во кои зад воланот некој ќе чита книга, додека авто-пилотот вози.

Според британскиот портал “Verdict”, експертите веруваат дека од следната година здравствените податоци ќе бидат повеќе користени за поширок развој на вештачката интелигенција.

Исто така, во 2020 година вештачката интелигенција сè повеќе ќе донесува одлуки во големите компании и организации.

Со цел да се спречи манипулацијата, компаниите ќе треба да посветат посебно внимание на процесот на донесување одлуки и се повеќе да се контролира технологијата која ќе презема одлуки за најважните деловни прашања.

Извор: Telegraf.rs

Текстот Новата година донесува промени: Дали сте подготвени компјутерот да ви стане шеф? е превземен од USB.mk.