Холивудската глумица Камерон Диаз стана мајка на 48 години. Во брак со Бенџи Меден, Камерoн го доби своето прво дете, ќерката Радикс Меден.
„Пресреќни сме, благословени и благодарни што ја започнуваме оваа нова декада со објавата дека се роди нашата ќеркичка, Радикс Меден. Таа инстантно ги стопи нашите срца и ја комплетираше нашата фамилија. Иако сме возбудени за објавата на веста, исто така чувствуваме силен инстинкт да ја заштитиме приватноста на нашата малечка. Па нема да споделуваме фотографии или други детали, освен фактот дека е преслатка“, напиша глумицата на својот Инстаграм профил. Камерон и Бенџи се венчаа во јануари 2015 години.
Текстот Камерон Диаз стана мајка на 48 години е превземен од Reporter.mk.